САД воведe нови санкции за семејството Додиќ

by Фокус

САД денеска воведe нови санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост.

„Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување“, објави американската амбасада во Сараево.

Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“.

Поврзани новости