САД ветија помош од 100 милиони долари за земјите зафатени од коронавирусот

by fokus 21:17
21:17

САД се подготвени да доделат 100 милиони долари помош на Кина и другите земји зафатени од коронавирусот, соопшти денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

-Оваа обврска, покрај стотиците милиони долари широкограда помош донирана од американскиот приватен сектор, го демонстрира силното лидерство на САД во одговор на епидемијата, истакнува Помпео во изјавата.

- Advertising -

Додаде дека владиниот ангажман за ова ќе се реализира преку постоечките фондови „како диектно така и преку армиските организации“.

Претходно, и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се обврза да донира 100 милиони долари во исражувања за вакцина и лечење на коронавирусот.

Со оваа сума се намирува дел од 675 милиони долари што Светската здравствена организација ги бара од земјите за борба со болеста и спречување на нејзино ширење.

Според најновите информации од вирусот што се појави во Кина, сличен е на болеста САРС, досега починале најмалку 638 лица, додека повеќе од 31 илјада се заразени. Најголeм дел од заразените се во Кина.

Коронавирус е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС (кратенка од „остар акутен респираторен синдром“) од кој во 2003 година беа заразени околу 8 илјади лица, а 774 починаа.

Поврзани новости