46
Соединетите Американски Држави утре ќе предложат резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа.
„САД сериозно соработуваа со членовите на Советот во последните недели на резолуција која недвосмислено ќе ги поддржи тековните дипломатски напори за обезбедување итен прекин на огнот во Газа“, рече портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс.
Toj објасни дека прекинот на огнот ќе биде дел од договорот што ќе ги ослободи израелските заложници кои ги држеше Хамас и ќе овозможи поголема хуманитарна помош за Газа.