Помошта што се подготвува во Конгресот на САД за развој на Западен Балкан е вредна околу четири милијарди долари, а е предвидена за економски реформи, потесна економска интеграција со ЕУ и заштита на културните разлики.
Доколку биде изгласана, Владата на САД ќе може да нуди техничка помош на државите кои треба да развијат национални стратегии за борба против корупцијата.
-Справувањето со корупцијата е многу важен дел. А она што го прави легислативата е да го овласти државниот секретар да обезбеди техничка помош на земјите кои бараат помош при адресирање на нивните предизвици со корупција – изјави сенаторката Џин Шахин, претседателка на поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка.
Законот кој ги опфаќа сите шест држави од Западаниот Балкан – Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, дефинира конкретна ангажирање на САД во борбата против корупцијата преку техничка помош за развој на нови, но и поддршка на веќе постоечките антикорупциски стратегии.
Во нацрт законот, кој на 2 август беше внесен на разгледување во Конгресот и допрва треба да помине во Сенатот и Претставничкиот дом, се вели дека доколку доколку биде изгласан „ќе им помогне на владите да развијат регулативи за да се обезбеди правична и ефикасна инвестиција и алатки за скрининг за да се идентификување и спречување на злонамерни инвестиции и други присилни економски практики“.