САД собориле објект со големина на мал автомобил над Алјаска

by fokus

Американски борбен авион, по наредба на американскиот претседател Џо Бајден собори објект со големина на мал автомобил на голема височина над Алјаска, соопшти Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен.

-Министерството за одбрана следеше објект на висока надморска височина над воздушниот простор на Алјаска во последните 24 часа, одговори Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, на новинарско прашањето за гласините за уште еден сомнителен кинески балон за набљудување.

Објектот летал на приближно 12.000 метри надморска височина и „претставувал одредена закана за безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај“, рече Кирби.

– Од претпазливост и по препорака на Пентагон, претседателот Бајден и нареди на војската да го собори објектот и таа тоа и го направи, рече Кирби, додавајќи дека ќе се направат напори да се пронајдат остатоците.

Тој објасни дека објектот „бил со големина на мал автомобил“, многу помал од шпионскиот балон, чија големина беше опишана како еднаква на неколку автобуси.

Објектот е соборен помалку од една недела откако американски борбен авион собори кинески шпионски балон кој леташе над САД.

 

Поврзани новости