САД со порака по насилствата на протестите во Скопје

by Fokus

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

-САД е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави денеска портпарол на Стејт департментот.

Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

– Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство, укажаа од Стејт департментот.

Поврзани новости