САД се согласија да испратат ракети со долг дострел во Украина

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ja снабди на Украина со армиски тактички ракетни системи со долг дострел (АТАЦМС), што е важен поттик за капацитетот на Киев да ја таргетира руската воена логистика на долги растојанија додека земјата се подготвува за втора зима во војна.

Бајден му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски на приватна средба дека мал број од оружјето ќе им биде пренесен, објави Ен-Би-Си, цитирајќи американски официјални претставници.

Украина со месеци бара од ова оружје, но официјални лица во САД одбиваа бидејќи сопствените резерви на земјата се ограничени и поради стравувањата дека Русија може да го обвини Вашингтон за ескалација на судирот.

Но, Украина ќе се обврзе да не ја таргетира руската територија со нив, а откажувањето со кое се дозволува трансфер на касетна муниција во Украина го зголеми бројот на потенцијални ракети што би можеле да се користат таму, објави Волстрит журнал.

Поврзани новости