390
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува дали да ја означи групата Вагнер како странска терористичка организација, изјави американски официјален претставник, пренесува Скај Њуз.
Групата Вагнер е организација на платеници кои беа обвинети за воени злосторства во Африка и Сирија, а сега се силно вклучени во борбите во Украина.
– САД засега не донеле конечна одлука за нивното вклучување на списокот на терористички групи, прецизира официјалниот претставник, пренесува Скај Њуз.
САД веќе ја санкционираше групата, но администрацијата се обидува да направи дополнителен чекор.