Американското министерство за надворешни работи денес го повика македонските лидери да формираат нова влада без одлагање.
“Заедно со нашите партнери од НАТО и ЕУ, САД одблиску го следи формирањето на владата во Македонија по изборите на 11 декември 2016 година.
САД ги повикува македонските лидери да формираат нова влада без одлагање, на начин кој е во согласност со Уставот и македонските аспирации да влезе во ЕУ и НАТО. Формирањето на новата влада во согласност со владеењето на правото и примената на неопходните реформи ќе помогнат за заврши политичката криза која создаде големи тешкотии во демократскиот и економски развој на земјата и нејзината евро-атлантска интеграција.
САД бара од сите партии да го стават интересот на Македонија и нејзините граѓани пред било што друго, да работат заедно и целосно да го применат она на што се обврзаа во договорот од Пржино”, порачуваат САД.