(ФОТО) Напаѓачите на новинарите во бегство

by fokus 21:36
21:36

Демонстрантите кои претепаа двајца новинари од А1он, на протестот во Скопје, веднаш избегале од местото на настанот. Репортерите кои го видоа инцидентот, успеаја да ги „уловат” во објективот, а фотографиите масовно се споделуваат по социјалните мрежи, во обид да се открие нивниот идентитет.

Демонстрантите со тупаници и клоци ги нападнале новинарите, по што и двајцата завршија на Ургентен центар. Тие им ја искршиле и камерата, а потоа избегале. Од а1он најавија дека ќе поднесат тужби до иницијативата „За заедничка Македонија” која е организатор на протестите.

 

Поврзани новости