Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го прими амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, со кого разговараше за билатералните односи, евроинтеграциите на Србија, дијалогот на Белград и Приштина, Отворен Балкан и осудата на руската агресија на Балканот.
Како што се наведува во соопштенеито од кабинетото на српскиот претседател, Вучиќ „повторил дека иницијативата Отврен Балкан преставува една од исклучителните примери на соработка, што го зајакнала партнерството на Србија, Албанија и Северна Македонија“.
На средбата Вучиќ и Хил размениле мислења за дијалогот на Белград и Приштина и се согласиле да отворените теми во дијалогот можат да бидат решени под покровителство на ЕУ, за да се дојде до компромисни решенија.
Амбасадорот Хил, според соопштението, ја поздравил иницијативата Отворен Балкан и „напорите на Србија да ја стави економската соработка во фокусот на регионалното поврзување и истакна дека оваа форма на заедничка работа е шанса за уште посилно и видливо промовирање на инвестициските потенцијали на регионот“.
Хил ја повторил подд ршката на евроинтеграциите на целиот регион на Западен Балкански, посочувајќи дека тоа е еден од приоритетите на надворешната политика на САД и посочил што се очекува од Србија за да напредува во европскиот пат.
-Од Србија очекуваме јасно становиште за почитувањето на меѓународното право и осуда на руската агресија врз Украина, како и целосна посветеност на реформите во областа на владеењето на правото и другите области, неопходни за напредок на европски пат, рече амбасадорот Хил.
Претседателот Вучиќ му се заблагодари на амбасадорот Хил за поддршката што Америка ја пружа на напорите на Србија да ги диверзифицира изворите на енергија, а соговорниците се согласија да уште посилно треба да се работи Србија да добие пристап до енергетски проекти на кои веќе наголемо се работи, се наведува во соопштенеито на кабинетот на српскиот претседател.