Општина Кисела Вода ќе слави роденден: Од Ефто Пупиновски, до Жељко Самарџиќ помеѓу гостите

by fokus

Со голем број на музички гости и богата културно – забавна програма Општина Кисела Вода ќе го прослави 67-от роденден.

Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со седум инфраструктурни, комунални проекти, и со седум музичко забавни случувања ќе се одбележи роденденот на општината.

Помеѓу најавените музички гости кои од 29-ти јуни до втори јули ќе имаат концерти на повеќе локации, како Парк Шопен, Парк Македонија, Три круши и Расадник се Ефто Пупиновски, Влатко Лозаноски, ДНК, Теа Трајковска, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Боби Павловски и други.

Настанот ќе заврши на втори јули во Расадник, со концерт на Жељко Самарџиќ, кој ќе започне од 22 часот и ќе трае до полноќ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости