САД: Неуспехот на преговорите за грчкиот долг ќе ја загрози светската економија

by Фокус

Министерот за финансии на САД, Џејкоб Лју изјави дека евентуалниот неуспех на преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори би можел да предизвика нестабилност и загрозување на економијата не само во ЕУ, туку и во целиот свет.

– Доколку не биде постигнат договор, ќе бидат предизвикани непосредни проблеми за Грција, но тоа ќе доведе и до нестаблиност во Европа и во светската економија во целина, порача Лју во Вашингтон по средбата со холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата, Јерум Дејсеслблум.

Грција во моментов преговара со меѓународните кредитори за исплата на последната транша во износ од 7,2 милијарди евра. Откако ќе ги исплати овие пари, планира да почне разговори за преструктуирање на нејзиниот државен долг. Меѓународните кредитори бараат од Атина да презентира детална програма на рефоми што планира да ги спроведе во таа насока.

Поврзани новости