Богдановиќ: ВМРО-ДПМНЕ со притисоци и закани сакаат да го опструираат референдумот за ГТЦ

by Фокус

Никола Груевски и неколкумина соработници, уплашени од фактот, што нивните погрешни политики доживеаја дебакл во Центар, прават се, за да можат да ги попречат граѓаните, слободно да излезат и да го кажат својот став за ГТЦ. Ова денеска го истакна Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ, Центар. Тој покажа и докази за притисок и опструирање на референдумот во Центар од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како и на изминатите изборни процеси, така и сега поддржувачи на Груевски ги применуваат познатите методи на притисок и закани врз граѓаните на Центар. Тоа ни го потврдија членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се охрабрија и доставија списоци од вработени во Јавната администрација, врз кои се врши притисок да не излезат на референдумот. Но, овој пат нема да успеат притисоците и заканите и граѓаните повторно, ќе му кажат не на Скопје 2014. Затоа, на 26-ти април да излеземе за ГТЦ и да не дозволиме за него да одлучуваат пет луѓе, заради нивните хирови и фрустрации, а пред се заради нивните бизнис зделки“  – истакна Богдановиќ.

На 26-ти април ќе се одржи првиот референдум во Центар, референдум за зачувување на духот и автентичноста на ГТЦ.

Поврзани новости