САД не гледаат дека Русија презема некакви потези што би укажале дека размислува за користење нуклеарно оружје, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
-Гледаме многу внимателно за да видиме дали Русија навистина прави нешто што сугерира дека размислува да користи нуклеарно оружје. Досега не сме ја виделе таа да презема таква акција – рече Блинкен.
Тој додаде дека зборовите на Путин за нуклеарното оружје се врв на неодговорност.
Денеска рускиот претседател ја објави руската анексија на дел од Украина, која е најголема во Европа од Втората светска војна.
Во последните недели Путин го предупреди Западот дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја одбрани руската територија.
Русија го поседува најголемиот нуклеарен арсенал во светот, вклучувајќи нова генерација на хиперсонично оружје и 10 пати повеќе тактичко нуклеарно оружје од Западот.