588
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, денеска изјави дека наредната година САД би требало да примат до 8.000 сириски бегалци. Тој додаде дека дека се разгледувале околу 15 илјади барања од Сирија што на Вашингтон му ги доставил УНХЦР, а годинава САД примиле 2.000 бегалци од Сирија.
Според УНХЦР, до крајот на годинава ќе има околу 4 милиони и 270 илјади бегалци кои ќе ја напуштат Сирија. Сирицијте почнаа да ја напуштаат својата земја од почетокот на војната во 2011 година. Најголем дел од оние кои се во Сирија живеат во беда и сакаат да емигрираат во Европа.