УНХЦР: По 3.000 мигранти секојдневно ќе влегуваат во Македонија

by Фокус

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци УНХРЦ денеска излезе со проценка дека во наредните месеци во Македонија секој ден ќе влегуваат околу 3.000 мигранти. Според УНХЦР, ова се должи на продолжување на насилствата во Ирак и Сирија и влошување на условите за сириските бегалски во Турција, Јордан и Либан.

-Не гледаме било каков крај на приливот на мигранти во наредните месеци. Навистина веруваме дека доколку бидат превземени вистински мерки, ова е нешто со кое Европската унија може да се избори, рече портпаролката на Високиот комесар на ОН за бегалци, Мелиса Флеминг на денешниот брифинг во Женева.

Таа додаде дека Европската унија мора да обезбеди „правилна распределба“ на барателите на азил и ја повика ЕУ да им пружи помош на Грција, Македонија и Србија во решавањето на проблемите предизвикани со масовен прилив на бегалци.

Поврзани новости