Вашингтон ја осуди запаливата реторика на одредени политички лидери по парламентарите избори во Македонија.
-Загрижени сме за политичките тензии во Македонија по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември. Одредени политички лидери со нивната реторика даваат дозвола за насилство и напад кон институции и амбасадори на странски земји во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со неосновани напади, да го почитуваат демократскиот процес и да дозволат формирање на веродостојна и стабилна влада посветена на владеење на правото, одговорност и на основните права- изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
Инаку, во своите последни говори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски во неколку наврати отворено им порача на амбасадорите да не се мешаат во внатрешните политики на земјата. На последниот протест на партијата пред ДИК, тие истакнаа и голема платно на кое пишуваше „Бејли тргни ги рацете од Македонија”. Тука, Груевски обвини дека „одредени странци” соработувале со неговиот ривал Зоран Заев и со помош на Државната изборна комисија сакале да им ја украдат победата.