Петиција на Левица: Парите за новогодишни прослави да се дадат на сиромашните

by fokus

Партијата Левица со онлајн петиција бара Нова Година симболично да се обележи, а милионските суми предвидени за прослави да се донираат на социјално загрозените семејства и деца на кои им е потребно лекување.

-Безмилосно да се трошат народните пари за организација на новогодишни настани, продолжува. Градот Скопје предвидено е да потроши вкупно 5 милиони денари, а згора на тоа и од општина Центар најавуваат организација на новогодишна прослава, така што на неколку метри раздалеченост, во центарот на градот, ќе има две прослави. Неверојатна некоординираност и ирационалност.

За Левица е неприфатливо да имаме така неодговорно трошење на народните пари во услови кога 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180 000 луѓе се во апсолутна сиромаштија. Ние предлагаме средствата да се насочат за помош на социјално – загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година- велат од Левица.

Во повеќе српски градови веќе има ваква иницијатива. Жителите на Нови Сад одлучија да ги донираат средствата од прославата, слично размислуваат и луѓето во Суботица, а над 20 000 граѓани во Белград веќе ја потпишале петицијата.

Поврзани новости