САД ќе набави 500 милиони вакцини за 100 земји

by fokus

Во договор со „Фајзер” и „Бионтек”, Белата куќа има план за набавка на 500 милиони дози вакцини против коронавирус за 100 земји во наредните две години, објави Њујорк тајмс.

Пред да замине на своето прво патување во странство како претседател, Џо Бајден укажа дека има стратегија за вакцинација на светот, која ќе ја најави утре.

Инаку, САД ќе платат за вакцините непрофитна цена, така што првите 200 милиони дози ќе бидат испорачани годинава, а 300 милиони ќе бидат пратени во 2022 година.

Поврзани новости