639
Изборната реформа што Кина сака да ја наметне во Хонг Конг е директен напад врз автономијата на оваа територија, оцени САД.
„САД ги осудуваат актуелните напади од Народна Република Кина врз демократските институции во Хонг Конг“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
Изборниот комитет што го избира лидерот на Хонг Конг, што е во корист на Пекинг, отсега ќе избира некои членови на парламентот на оваа автономна кинеска територија и ќе ги предлага сите кандидати за пратеници, соопшти денеска висок кинески функционер.