САД испраќаат 85 милиони долари итна хуманитарна помош за Турција и за Сирија

by fokus

САД објавија дека ќе обезбедат итна хуманитарна помош од 85 милиони долари за Турција и Сирија, по силните земјотреси кои ги погодија тие држави каде загинаа повеќе од 21.000 луѓе.

Соопштението на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) дојде набргу откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, што беше нивен втор разговор во изминатите четири денови.

„Ова ново финансирање е да ги поддржи хуманитарните партнери на УСАИД да ја достават итно потребната помош до милиони луѓе во Турција и Сирија“, се вели во соопштението на УСАИД.

Поврзани новости