416
Амбасадите на САД во Скопје и во Софија преку заедничко соопштение го поздравија одобрувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
„Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан. Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината“, се наведува во соопштението на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.