854
Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови, соопшти денеска Стејт департментот, наведувајќи го зголемениот број авиокомпании кои ги откажуваат летовите и земјите го затвораат својот воздушен простор за Русија по нејзината инвазија врз Украина.
-Граѓаните на САД треба веднаш да размислат за заминување од Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни, се вели во безбедносното предупредување од 27 февруари на веб-страницата на американската амбасада во Москва.
Тие бараат од граѓаните на САД да имаат „план за вонредни ситуации што не се потпира на помошта од американската влада“