САД ги опреми Украинците со противракетен систем „Патриот“: Стоиме заедно!

by Фокус

Претседателот на САД, Џо Бајден, откако се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на пресконференцијата изјави дека народот во Украина и лидерството на Зеленски се инспирација.

Бајден нагласи дека САД на Украина, која е нападната од Русија, не само што ќе ѝ го даде системот за против-воздушна одбрана „Патриот“, туку и итна хуманитарна помош преку агенцијата УСАИД, во вредност од 374 милиони долари.

-САД и Украина ќе стојат заедно и во 2023 година. САД ќе го испорачаат противвоздушниот систем „Патриот“ на Киев и ќе продолжат да ја зајакнуваат способноста на Украина да се брани, особено од руските воздушни напади – порача Бајден.

Зеленски, пак, кажа дека системот „Патриот“ е важен чекор кон формирањето ефикасен воздушен штит од руските напади.

-Тоа е единствениот начин терористичката држава да ја лишиме од нејзиниот главен инструмент на терор – способноста да ги гаѓа нашите градови, нашата енергија – порача тој.

Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажаа дека Соединетите Американски Држави ќе дадат дополнителна воена помош во вредност од 1,85 милијарди долари, вклучувајќи ги системите „патриот“.

Американскиот противвоздушен систем „Патриот“ се смета за еден од најнапредните западни системи за противвоздушна одбрана, кој штити од авиони, крстосувачки и балистички проектили.

Поврзани новости