404
Пентагон денеска соопшти дека американските сили во Авганистан ја фрлија најголемата ненуклеарна бомба врз цели на Исламската држава (ИД) во Авганистан.
Станува збор за бомбата наречена „бомба мајка на сите бомби“, долга девет метри, а тестирана во 2003 година. Ова е првпат таа да биде употребена во војна, а во себе содржи 11 тони експлозив.
-Ги таргетиравме тунелите и пештерите кои слободно ги користеа џихадистите од ИСИС, потенцира Шон Спајсер од Белата куќа.