САД елиминираше висок претставник на Исламска држава во Сомалија

by Фокус

Американските сили за специјални операции спроведоа успешна антитерористичка операција во Сомалија, при што е елиминиран висок претставник на Исламска држава и уште десет оперативци на терористичката група, соопшти висок претставник на администрација на претседателот на САД, Џо Бајден.

Операцијата била спроведена во северниот дел на Сомалија, а мета бил Билал ал Судани, задолжен за финансиите на ИД.

- Advertisements -

Бајден минатата недела бил известен за мисијата по повеќемесечното планирање.

Судани бил следен од американското Министерство за финансии од 2012 година за неговата улога во Ал Шабаб.

Тој помагал и во финансирањето на операциите на ИД во Африка.

Поврзани новости