519
Доколку има избори на 5-ти јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата – велат од амбасадата на САД за „Мета”.
-Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби.- потенцирааат од Амбасадата на САД
Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите и да ги поништат помилувањата.