Демонстрантите ќе треба да платат штета од 9 илјади евра за канцеларијата на Иванов

by Фокус

 Демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, ќе треба да платат оштета од скоро девет илјади евра поради демолирањето на канцеларијата на Иванов.

Бирото за судски вештачења констатира дека било направена штета од 522.080 денари.

Ова е за 300 илјади денари помала штета, од она што претходно ја побара  Јавното обвинителството. Обвинителството бараше  оштета од 880.000 денари, што е за скоро половина повеќе од последната проценка.

Бидејќи адвокатите на обвинетите треба да го разгледаат овој извештај, судењето на двајцата демонстранти е одложено за 20 мај.

Поврзани новости