САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта

by Фокус

Претставници на американското Министерство за финансии изјавија дека на состанокот на министрите за финансии на Г7 што почнува утре во Бон ќе предложат земјите од ЕУ да воведат царини за испораките на нафта од Русија како побрза остварлива алтернатива на идејата за целосно ембарго на руската нафта.

Според американските власти, царинскиот механизам ќе го задржи присуството на руската нафта на пазарот, но ќе ги ограничи приходите на Русија од извозот. Тие сметаат дека ваквата мерка би имала побрз ефект од планираната забрана за увоз на нафта од Русија во ЕУ во 2023 година.

Членките на ЕУ се уште не постигнаа договор за шестиот пакет санкции против Русија, вклучително и нацрт ембаргото за нафта. Европската комисија предложи забрана за увоз на сурова нафта од Русија шест месеци по стапувањето во сила на шестиот пакет. Во исто време, Европската комисија предложи да им се дозволи на Унгарија и Словачка да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година.

Поврзани новости