518
Војната во Украина може да трае долго, но Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини, изјави холандскиот премиер Марк Руте за време на посетата на Киев.
-Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе гледаме како се одвива од страна. Мораме да останеме фокусирани и да продолжиме со нашата поддршка на секој начин – рече Руте денеска на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руте ги посети и Буча, Ирпин и Бородјанка – три града во регионот на Киев кои беа окупирани од руските сили на почетокот на војната и станаа симбол за злосторствата извршени таму.