591
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ги повикува оние што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа, откако денеска обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, излезе со обвинувања кон обвинителката, објави „360 степени“.
„Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР“, вели Русковска.
Јовановски на крајот на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје побара збор и во своето излагање ја прозва обвинителката.