Јовески ги носел писмата од Јанева за да им ги покаже, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не му дадоа збор

by fokus

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески од кого вчера осомничениот Антонијо Милошоски и група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со транспарент побараа да ги покаже писмата од притворената Катица Јанева, денеска ги носел да им ги покаже. Но, останале во неговата чанта, зашто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на Јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство денеска не му дадоа збор на Јовески.

„Точно е дека ги носев писмата од комуникацијата со Јанева во врска со предметите што се водеа во СЈО и имав намера да ги образложам пред пратениците, бидејќи бев повикан. Едното писмо е копија од оригиналот што е во СЈО, а тоа е адресирано од Јанева до јавните обвинители во Специјалното, сите внатре наведени по име и презиме. Со него таа ги овластува да ги предадат сите предмети на Државниот јавен обвинител за натамошно постапување. Другото писмо е од 6.9.2019 година со кое таа ме овластува мене сите предистраги, истраги и обвиненија да ги преземам и распределам кај обвинители за натамошно постапување со нив“, изјави Јовески за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Поврзани новости