918
Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево, по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, влегле во веледрогеријата Пановски. Сепак обвинителката Вилма Русковска за “Фокус” појаснува дека не се врши претрес, туку се одзема документација.
-Се постапува по наредба на обвинителството, но не се врши претрес, туку се одзема документација, ни изјави обвинителката Русковска.
Истрагата е насочена кон паралелниот увоз на лекови од Турција.