486
Обвинителката Вилма Русковска од полицијата нема да бара да ги следи Трајко Вељановски и Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот.
– Ако избегаат Собранието нека му ја мисли – вели Русковска за Телма.
Истрагите ќе подолжат со тоа што овие двајца барем засега осомничени, остануваат на слобода. Притвор обвинителството може да бара и доколку подигне обвинение по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот.