Русковска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери

by fokus

Вилма Русковска шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откри дека се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери.

-Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни, рече Русковска, која додаде дека предметите се за економски криминал и корупција.

Русковска, со останатиот обвинителско -полициски врв присуствуваше на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржува во Јавното обвинителство.

Во рамки на посетата јавниот обвинител  Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.

В.В.

Поврзани новости