„Талир“ одложен поради смртен случај, на Груевски ќе му се суди во отсуство

by fokus

Главната јавна расправа за случајот „Талир“ на СЈО е одложена за 28 јуни во 10 часот поради смрт на близок член на семејството на претставникот на правното лице ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш обвинетите треба да го подготват нивното воведно обраќање, а Судот одлучи на обвинетиот Никола Груевски да му се суди во отсуство.

Судот донесе такво решение откако го уважи барањето поднесено од јавниот обвинител на 2 април годинава на Груевски во иднина да му се суди во отсуство, бидејќи е недостапен за органите.

На денешното рочиште бранителот на правното лице ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Дончо Наков побара пред да почне процесот Судот да донесе процесно решение за барањето за автентично толкување за наделжноста на СЈО поднесено до Собранието од државниот јавен обвинител во врска со начелното правно мислење донесено од Врховниот суд според кое СЈО не е надлежно да застапува обвиненија по 30 јуни 2017 година.

На тоа регираше јавниот обвинител Трајче Пеливанов од СЈО кој рече дека судот не треба да носи процесно решение и оти смета дека Судот со досегашното постапување, доставување покани и дозволување обраќања од јавите обвинители од СЈО му го признава својството на СЈО како овластен тужител.

По нивното обраќање, Судот се повлече и донесе одлука да го отфрли како неоснован предлогот на адвокатот Наков и одлучи да се одржи главна јавна расправа. Судијата Осман Шабани посочи дека за Судот е несомнена надлежноста на СЈО, а начелното правно мислење е надлежно само за Врховниот суд.

Поврзани новости