Русковска се сомнева: Ова не е притисок од сегашнава, туку од претходна влада

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска која е суспендирана на барање на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески се сомнева дека притисокот за нејзината суспензија можно е да доаѓа од претходна влада, но не сакаше да ги сподели со јавноста, за како што рече, да не заврши на Суд за клевета.

-Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадината на сето ова, изјави Русковска на прашање дали има некаква политича позадина за нејзината суспензија.

Русковска денеска до Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Јовески за нејзина суспензија.

Поврзани новости