На денешното рочиште за случајот “Рекет”, обвинителката Вилма Русковска ги изведува завршните зборови.
Таа уште еднаш потенцираше дека обвинетата Катица Јанева се наоѓа во филмот на Чарлиевите Ангели.
-Обвинетата Јанева се уште е во филмот на Чарлиевите Ангели. Но вистинскиот филм е борбата на доброто против злото, рече Русковска, која што додаде дека Обвинителството доживеало разочарување кога клучниот лик преминал на страната на злото, пренесе ТВ 21.
Русковска истакна и дека никој не можел да замисли колкава сума на пари биле во прашање, кога Јордан Камчев дошол во обвинителството и раскажал што се случило.
-Мислев дека сум во еден лош сон. Износите на пари кои беа барани, не можеме ни да ги замислиме на сон, а не на јаве, рече Русковска.
Судењето е во тек.