709
Директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски, нема да биде кривично гонет за злоупотреба на службената положба, пренесува ИРЛ.
Обвинителството за борба со организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава од Управата за финансиска полиција со образложение дека Цветковски не сторил кривично дело и работел законски.
Кривичната пријава Финансиската полиција ја поднесе на 21 јуни, а решението за отфрлање како неоснована е донесено на 9 август.