996
Јавната обвинителка Вилма Русковска во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека не е точно дека случајот „Рекет“ бил креиран за да се урне СЈО и предметот „Империја“.
-СЈО не го урна никој друг, освен Катица Јанева. СЈО уште ќе постоеше ако Катица се однесуваше како што треба. Ништо не е наштетено на случајот Империја. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ја ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. Не можете да кажете за било кого, ни за Камчев, додека нема правосилна пресуда, дека е криминалец, вели Русковска.