Русковска: На почетокот на јануари обвинение за „Рекет 2“

by fokus

Обвинение за случајот „Рекет 2“, односно за истрагата за „Меѓународен сојуз“ може да се очекува на почетокот на јануари, најави денеска обвинителката Вилма Русковска, која учествуваше во акцијата за чистење.

-Се надевам на почетокот на јануари, одговори Русковска на прашањето кога може да се очекува обвинение за случајот со работата на невладината организација Меѓународен сојуз.

Во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, осомничени се Меѓународниот сојуз, како правно лице, и пет физички лица: претседателот на невладината Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузот Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски.

Поврзани новости