Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да мафта со документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон за неговите изјави дека има сознанија за многу други случаи. Но, тој и рекол дека не изјавил баш така.
-Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО а он знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека он тоа не го кажал тоа. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Без презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.