Русковска потврди дека постои фотографија со Катица Јанева и 50.000 евра во кеш

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 потврди дека постои фотографија со Катица Јанева и 50.000 евра во кеш.

Таа на прашањето како 50.000 евра фотографирани пред Катица Јанева ги поврзала со парите од сведокот Орце Камчев, одговори дека тоа го направила според анализата на компјутерскиот форензичар.

-Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, односно неговата анализа, рече Русковска.

 

Поврзани новости