Русковска: Мијалков не може да помине граница затоа што му е одземен пасошот

by Fokus 11:02
11:02

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ истакна дека Мијалков не може да премине преку граница, затоа што му е одземен пасошот.

„Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално“, рече Русковска.

- Advertisements -

Поврзани новости