Русковска: Кога Камчев го пријави “Рекет” мислев дека сонувам лош сон, неспорно е дека парите се дадени!

by fokus

Обвинителката Вилма Русковска, во својот завршен збор за случајот “Рекет”, зборуваше и за моментите кога прв пат дознала за случајот од бизнисменот Орце Камчев.

-Кога Камчев дојде во обвинителството и кажа што се случувало, мислев дека се наоѓам во лош сон. Износите на пари кои се барани повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве, рече Русковска.

Таа тврди дека неспорно од сведочењето на Ана Камчева се докажало како на Боки му се дадени првите 500.000 евра.

-Како течела исплатата на првите 500.000 евра се докажа од сведочењето на Камчева. Првите 350.000 евра ги носела во домот на Јовановски. А другите Камчев требало да ги исплати како позајмица од Зоран Милески-Кичеец. Сергеј Варошлија потврди дека ги видел Камчевани Милески еднаш како доаѓаат во канцеларијата на Боки, тоа не значи дека не доаѓале и повеќе пати. Варошлија рече дека еднаш и во домот на Боки ги видел како доаѓаат, но рече дека Ана Камчева не носела ништо. Но, најдете една жена која оди каде било без чанта, рече обвинителката, а пренесе “360 степени”.

Како течело договарањето за останатите еден милион, таа рече дека се докажало од исказот на Камчев кој раскажал детално како се договарале по излегување од притворот во Шутка.

Поврзани новости