Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во 360 Степени откри дека во саботата добила информација од свој извор дека е можно бегство на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
-Откако добив информација дека е можно бегство, се слушнав со министерот Оливер Спасовски и тој ми кажа дека ќе ги провери сознанијата што сум ги добила. Потоа ми се јави министерот и ме замоли тоа што му го кажав телефонски да го му го доставам на писмено. Така и направив – рече Русковска.
Воедно, таа посочи дека остварила уште еден контакт со МВР, но добила повратна информација дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски немал сознанија дека се подготвува бегство.
-Се слушав со републичкиот обвинител Љубомир Јовевски. Ме праша колку ми е сигурна информацијата, кажав дека ми е оперативна информација од мој личен извор. Се договоривме да видиме следниот ден. Потоа со Јовевски се обидовме да стапиме во контакт со мојот изор, се слушнав при што, на скала од 1 до 10, информацијата му беше сигурна 7 – рече Русковска.
Одговарајќи на прашањето зошто тогаш не презеле итни мерки кога веќе располагала со информација за можно бегство на Мијалков, таа одговори:
„Тоа беше непотврдена информација од еден извор, а замислете АНА нема никаква информација. Врз основа на што ние да настапиме со сигурност?“.