Русковска: Не сме сигурни дека Мијалков ја напуштил државата, последно е виден со сопругата

by Фокус

Последен пат, Сашо Мијалков е виден како доаѓа со неговата сопруга во Мериот во 15 часот, а тоа е после неговата средба со Ивица Коневски, истакна Вилма Русковска.

-На сите би ни било драго ако се најде човекот што се бара. Не сме сигурни дека ја напуштил државата. Во следните денови ќе одлучиме што ќе се преземе и во која насока – рече Русковска на 360 Степени.

Таа отфрла дека има крт во Обвинителството кој му ја издал информацијата на бегалецот, но воедно не сака да шпекулира каде е пропустот.

-Бев многу ангажирана да не ни се повтори ова, страшно е што ни се повтори истото – порача Русковска.

Поврзани новости