523
Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека ги слушнала гласовите во јавноста дека Орце Камчев треба да одговара за давање поткуп, но дополни дека според законот секој кој пријавил поткуп треба да биде ослободен од вина.
Потоа се надоврза дека има поднесени две кривични пријави за поткуп против Камчев и неговата сопруга.
-Има две кривични пријави поднесени од анонимни граѓани против Орце Камчев и неговата сопруга за давање поткуп. Ние постапуваме по нив, рече Русковска.