Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки определени од судот и редовно доаѓаше на рочише, ако Обвинителството веднаш побараше притвор ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, рече шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска на 360 Степени.
-Додека судот не ја објави пресудата, секој е невин, што значи пресудата можеше да биде ослободителна и врз база на што да бара обивнителстовото притвор – рече Русковска.
Таа рече дека оваа ситуација е различна со онаа на поранешниот премиер Никола Грувски, бидејќи станува збор за период откако обвинителството побара висина на казна што смета дека треба да се изрече за Мијалков, додека во случајот со Груевски тој беше правосилно осуден и чекаше упатен акт за издржување на казната.